Капитенот на Унгарија, Адам Салаи, во пресрет на натпреварот против Италија од Лигата на нации потврди дека ја завршува својата репрезентативна кариера.
„Отсекогаш сонував да играм за унгарската репрезентација, па учеството на две европски првенства и капитенската лента за мене беше големо искуство. Во последните години заедно со репрезентацијата доживеавме прекрасни моменти“, изјави Салаи за официјалниот сајт на УЕФА.
34-годишниот Унгарец за унгарската репрезентација настапува од 2009 година. Тој постигна 26 гола на 85 натпревари.
Натпреварот Унгарија – Италија се игра вечерва на „Пушкаш арена“ во Будимпешта.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













