Аталанта две сезони живее бајка и во Серија А и во Лигата на шампионите, но некои работи во соблекувалната не биле така идеални. Капитенот Алехандро Гомез имал жесток судир и расправија со тренерот Џанпјеро Гасперини, а поради тоа и ќе ја напушти Аталанта во зимскиот преоден рок.
„Драги навивачи на Аталанта ви пишувам овде бидејќи и немам друг начин да се бранам и да зборувам со вас. Само ќе ви кажам дека ќе ја дознаете целата вистина кога ќе заминам. Ме знаете добро и знаете каква личност сум. Ви посакувам се најдобро, вашиот капитен“, напиша Алехандро Гомез.
Интер и Милан се сериозно заинтересирани да го доведат одличниот играч на Аталанта користејќи го судирот што тој го има со тренерот Гасперини.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













