
Пелистер врза две последовни победи, по триумфот над Ренова во Битола успеа да ја совлада на гости и Струга Трим Лум. Тренерот Димитар Капинковски е задоволен од храброто издание на тимот, вели дека не потклекнале на притисокот што го правеа стружани во финишот од мечот.
„Во најавата за средбата кажав дека натпреварот ќе биде тврд и неизвесен. Нашите амбициите се опстанок во Првата лига, додека стружани сосема заслужено имаат поголеми амбиции. Во финишот од мечот подобро се снајдовме, не потклекнавме пред нивниот притисок, а на крајот постигнавме и погодок за победа. На секој натпревар одиме да оствариме позитивен резултат, бидејќи само така ќе се избориме за нашата цел“, изјави Капинковски.
Во следното коло, Пелистер на домашен терен го пречекува Борец.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкупи во следното коло ќе игра на Чаир

Евро-фудбал
Жозе Мурињо седна на клупата на Бенфика

Млади репрезентации
Македонија У17 поразена од Кипар
