Дилемите околу тренерската позиција во ФК Пелистер се разрешени. Димитар Капинковски ќе го предводи Пелистер и во пролетниот дел од сезоната. Тој доби доверба од раководството на битолскиот прволигаш да остане на кормилото откако го замени Зоран Штерјовски како вршител на должноста во финишот од есенската полуетапа.
Тој успеа да оствари две победи, меѓу кои и триумф над Шкендија во Тетово со 0-1 и тоа веројатно беше пресудно за да добие шанса да го води составот и во пролетниот дел од првенството.
Од Пелистер засега си замина Љавдрим Фазлиу кој му се приклучува на Шкупи, а во Битола се планираат неколку нови имиња со кои Капинковски треба да го засили ростерот за пролетниот дел од шампионатот.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Шпанците се први финалисти на Мундијалот (ВИДЕО)













