
Фабио Капело призна дека погрешил во оценката за Жоргињо, одличниот играч за врска на Челси и на репрезентацијата на Италија. Легендарниот тренер не беше воодушевен од настапите на Жоргињо, особено во фазата на одбрана, до почетокот на Европското првенство. Но, тој блесна во голем стил на најважните натпревари.
„Жоргињо е клучен човек во италијанската репрезентација. Вистина, тој беше играч во кој не верував целосно, но кога внимателно го погледнав, сфатив дека тој е играч кој знае да ги позиционира и насочи соиграчите. Фактот што Италија не прима многу голови е резултат на неговата способност навремено да интервенира во поставувањето кон ривалите “, изјави Капело.
Жоргињо одзеде 21 топка на натпреварите на ЕВРО и само Французинот Н`Голо Канте е подобар од него во оваа статистичка категорија. Италијанскиот играч за врска исто така оствари 371 додавање со 94 проценти на успешност.
Италија утре ќе игра против Шпанија во полуфиналето на Европското првенство.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Расмус Хојлунд пред трансфер во Милан

Евро-фудбал
Падна договор, Мбеумо доаѓа на „Олд Трафорд“
