Н’Голо Канте дефинитивно ќе го напушти Челси на крајот од сезоната, а можно е да замине од „Стемфорд бриџ“ и во јануари. Раководството на „сините“ не ни размислува да му понуди нов договор на Канте, а неговиот актуелен завршува во јуни.
Канте бара нова тригодишна соработка, а Челси стравува дека играчот за врска ќе има проблеми со повредите, како што се мачи на почетокот на оваа сезона.
Приходите на Канте се близу 10 милиони евра по сезона, па едноставно не сакаат да ризикуваат на Стемфорд Бриџ.
Претходно Канте беше поврзуван со ПСЖ, но тој самиот наводно не е заинтересиран, а не ни размислува за Франција. Токму затоа како главни опции се издвојуваат Арсенал, Тотенхем и Интер.
Со оглед дека Канте би дошол како слободен агент, сите тие секако се заинтересирани за одличниот играч за врска на Челси.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













