Connect with us

Канаваро: Бесплатно би бил тренер на Наполи

Поранешниот италијански репрезентативец Фабио Канаваро изјави дека би прифатил да работи во Наполи бесплатно бидејќи тоа е негов сон, но претседателот на клубот Аурелио Де Лаурентис никогаш не му понудил.

Легендарниот дефанзивец, кој во текот на својата фудбалска кариера играше за Наполи, Парма, Јувентус, Интер и за Реал Мадрид, останува тесно поврзан со својот роден град Неапол.


„Би го тренирал Наполи бесплатно. Тоа е сонот на сите тренери“, изјави за ТВ Спортиталија, светскиот шампион со Италија од Светското првенство во 2006 година.

Сепак, Канаваро го нема на списокот на претседателот Де Лаурентис како потенцијален иден тренер на тимот.

„Мислам дека причината не е недостатокот на искуство. Многу луѓе не го почитуваат искуството што го стекнав во Кина, но јас сум тренер и сакам да работам. Се вратив во Италија пред две години и јас сè уште учам бидејќи сакам да се посветам на тренерскиот занает“, додаде добитникот на „Златната топка“ во 2006 година.

Во Италија, тој накратко беше тренер на второлигашот Беневенто меѓу септември 2022 и февруари 2023 година, забележувајќи три победи, седум нерешени натпревари и седум порази.

„Проблемот со Наполи оваа година е што има премногу промени и играчите мора да прифатат премногу различни тактички идеи“, истакна Канаваро.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови