
Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година во Скопје ги започна подготовките за октомврискиот циклус на квалификации за пласман на ЕП.
Нашите репрезентативци на 11 октомври, на тренинг центарот „Петар Милошевски”, ја дочекуваат Молдавија, а четири дена подоцна на гости играат против селекцијата на Грузија.
Селекторот на Македонија до 21 година, Драги Канатларовски, даде свој коментар за претстојните предизвици.
„Натпреварот со Молдавија го дочекуваме со посебна желба и мотивација, со оглед на тоа што се случуваше на првиот меѓусебен наш дуел каде што забележавме несреќен пораз.
Се надевам и верувам дека ќе успееме да одиграме квалитетно, борбено и максимално пожртвувано, остварувајќи победа против незгоден ривал. Сигурно дека нема лесен противник во овие квалификации и ниту еден меч не може да се добие лесно, па така ќе биде и на следните дуели против Молдавија и Грузија.
За овој собир играчкиот кадар ќе претрпи промени. На наше големо задоволство двајца наши играчи, Марио Илиевски и Андреј Стојчевски се повикани во А репрезентацијата на Македонија. Имаме 10 фудбалери кои подолго време се носители на оваа генерација и 10 млади фудбалери кои полека ќе ги подготвуваме за следниот квалификациски циклус што следува.
Што се однесува до Грузија, не очекува еден тежок натпревар, на кој ќе добиеме вистинска слика за нашиот тим.
Секој повик за репрезентацијата, сам по себе претставува голем мотив. Играчите треба да разберат дека националниот тим секогаш е на првото место и треба со голежа желба и посветеност за се игра и бори за Македонија, без разлика кој е противникот на другата страна“, изјави Канатларовски.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Роналдо блескаше за Португалија

Евро-фудбал
Дембеле поради повреда нема да игра два месеци?

Млади репрезентации
Македонија до 19 години вторпат ја победи Босна и Херцеговина

Пелистер
Пелистер го доведе Петар Петковски

Млади репрезентации
Избраниците на Горан Станиќ од Краков го почнуваат патот за ЕП 2027

Млади репрезентации
Македонија У21 убедливо поразена во Полска

Евро-фудбал
Манчестер Јунајтед го продава Андре Онана
