Франција патува на Европското првенство без победа на последниот тест. Канада успеа да ги сопре Мбапе и соиграчите играјќи без голови на дуелот во Бордо.
Селекторот на Франција, Дидие Дешамп, го почна натпреварот без Мбапе, но откако увиде дека неговата селекција не може да постигне гол, го повика на помош новиот фудбалер на Реал Мадрид. Мбапе влезе на теренот заедно со Кингсли Коман во 74.минута, но не успеаја да ја пробијат одбраната на Канада.
Во финишот убава шанса не реализира Рандал Коло Муани, кој со удар со глава не беше прецизен по одличниот центаршут на Кингсли Коман.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Мбапе неизвесен за дуелот со Реал Сосиедад
Прва лига
Силекс и Башкими одиграа без голови













