Извршниот директор на Баерн Минхен, Оливер Кан, збесна по израмнувачкиот гол на Борусија Дортмунд за конечни 2-2 на вчерашното дерби на „Сигнал Идуна Парк“. Голот дојде во последните секунди од натпреварот.
„Направивме се да примиме израмнувачки гол за 2-2. Требаше се да решиме претходно. Требаше во некои ситуации да одиграме многу подобро и тогаш натпреварот ќе беше решен. Сами ја вративме Борусија Дортмунд во игра, а тие беа речиси мртви“, изјави Оливер Кан за германскиот „Спорт 1“.
Тој смета дека тимот мора да реагира многу подобро во моменти кога има предност на мечевите од Бундес-лигата.
„Не можам да се сетам години наназад дека сме имале толку многу шанси за гол, но не можеме да ги затвориме натпреварите. Мораме брзо да дојдеме до првото место“, рече Кан.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













