Македонскиот второлигаш Каменица Саса испрати соопштение за јавност по денешниот дуел против Кожув. Домаќините тврдат дека досуден е непостоечки гол за гостинскиот тим.
„ФК Каменица Саса изразува незадоволство од денешниот натпревар против ФК Кожуф, кој заврши со резултат 1:1. Во 90-та минута беше признат непостоечки гол за гостинската екипа, кога топката не ја помина гол-линијата, но судијата сепак досуди погодок, со што директно влијаеше на конечниот резултат.
Оваа одлука предизвика оправдан револт кај нашиот тим и стручниот штаб. Како клуб, остануваме доследни на фер-плејот и спортските вредности, но воедно апелираме до надлежните да преземат мерки за спречување на вакви грешки во иднина, со цел зачувување на интегритетот на македонскиот фудбал“, се вели во реакцијата на Каменица Саса.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













