
Тиквеш ќе биде значително засилен за следната сезона во Втората лига – Исток, откако кавадаречкиот клуб успеа да го врати во своите редови Ванче Шиков. Поранешниот македонски репрезентативец се враќа назад во клубот каде што ја почна богатата кариера, а во договор со клубот тој ќе биде играч, но и дел од управата, па со своите совети сигурно ќе биде од помош за Тиквеш да ја оствари зацртаната цел – враќање во елитното друштво.
Шиков вториот дел од ланската сезона го мина во дресот на Академија Пандев, му помогна на овој тим да стигне до пехарот во Купот на Македонија, но потоа реши да се врати „дома“ во Кавадарци.
Кавадаречкиот клуб ја заврши ланската сезона на второто место во Втората лига – Исток, но во клучниот бараж за влез во елитата беше поразен од Силекс.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski