Connect with us

Камавинга се врати на тренинзите на Реал Мадрид

Долгата листа на повреди во Реал Мадрид се чини дека ќе се намали пред крајот на 2023 година. Карло Анчелоти во моментов е без седуммина играчи од првиот тим поради повреди, а пет од тие отсутни ќе се вратат во јануари. Најновата добра вест е поврзана со Едуардо Камавинга, кој ги обнови тренинзите со првиот тим, пренесува „Марка“.


На „кралевите“ им преостануваат уште два натпревари во Ла Лига пред почетокот на паузата од средината на сезоната на 20 декември. Кон нив мора да се додаде и дуелот од Лигата на шампионите против Унион Берлин. Со оглед дека Копа дел Реј и шпанскиот Суперкуп не треба да започнат до јануари, Анчелоти го има времето на своја страна бидејќи ќе може да ги рехабилитира клучните играчи.

Винисиус Жуниор и Аурелиен Чуамени ќе почнат со лесни тренинзи, а медицинскиот тим ќе се обиде да го подготви Камавинга за настап на натпреварите од шпанскиот Суперкуп во Саудиска Арабија.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови