
Италијанскиот репрезентативен стопер Рикардо Калафиори (22) е многу блиску до трансфер од Болоња во Арсенал. Клубовите се пред конечен договор за обештетувањето.
Болоња бара околу 50 милиони евра за продажбата на Калафиори.
Тој беше одличен во дресот на овој клуб минатата сезона и даде голем придонес за пласманот на тимот во Лигата на шампионите, а беше стандарден и во италијанската репрезентацијата на ЕВРО 2024 и асистираше до Матија Закањи за голот кој ја елиминира Хрватска од натпреварувањето.
Калафиори веќе ги договорил личните услови со Арсенал кој му подготви договор до 2029 година.

Advertisement
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Срамот е за Воска, која го напушти теренот и не го доигра мечот против...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski
Advertisement
Advertisement

Интернационалци
Тимот на Лука Станковски ја декласира Црвена Звезда
