Connect with us

Како се слави во Венеција пласманот во Серија А? – Сите скокаат во канал (ВИДЕО)

Венеција се врати во Серија А по тригодишно отсуство. Третопласираниот тим во Серија Б го победи Кремонезе со 1-0 на домашен терен во финалето на плеј-офот, откако првиот натпревар заврши без голови и со тоа избори враќање во елитата.

Лудата прослава започна на улиците, а потоа се префрли во каналите на Венеција.


На венецијанските гондоли беа запалени факели, а играчите од првиот тим беа забележани како скокаат од мостовите во водата.

Следната сезона стадионот „Пјерлуиџи Пензо“, кој многумина го сметаат за еден од најубавите во Италија, повторно ќе биде дел од елитната сцена во Серија А.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови