
Судот на Европската Унија пресуди дека УЕФА и ФИФА постапиле спротивно на законот кога ја забранија Суперлигата пред две години, што значи дека е отворен патот за создавање на ново европско натпреварување надвор од јурисдикцијата на главните светски фудбалски организации.
Претседателот на Реал, Флорентино Перез, кој беше назначен за прв човек на Суперлигата во април 2021 година, денеска одржа говор во кој одлуката на Европскиот суд ја нарече „победа на фудбалот, навивачите и слободата“. Тој додаде дека ова е голем ден за историјата на фудбалот и за целиот спорт и рече дека европскиот фудбал „повеќе нема да биде монопол“.
„Како што пред речиси 70 години направивме одлучувачки чекор за историјата на фудбалот со создавањето на Купот на шампионите, денес повторно имаме должност и одговорност да му дадеме нов импулс на европскиот фудбал кој му е очајно потребен“, рече Перез.
„И затоа ние продолжуваме да браниме модерен проект кој ќе биде целосно компатибилен со националните првенства, отворен за сите и заснован на спортски заслуги и ефективно ќе го наметнува почитувањето на финансискиот фер-плеј. Тоа е проект кој ќе донесе економска одржливост на сите клубови и тоа, пред сè, ќе ги заштити играчите и ќе ги возбуди навивачите ширум светот“.
Како ќе изгледа Суперлигата?
Концептот на Суперлигата се уште не е целосно дефиниран, но шпанските медиуми „Марка“ и „Мундо Депортиво“ објавија некои детали. „Марка“ пишува дека планот е Суперлигата да биде отворена, што го кажа и Перез, а во неа да играат 60 клубови во различни рангови.
Перез исто така истакна дека Суперлигата ќе биде „компатибилна со националните првенства“, што веројатно значи дека клубовите би можеле да се квалификуваат за неа преку нивните домашни првенства. За споменатата бројка од 60 клубови веќе се разговараше во текот на годината, пишува „Мундо Депортиво“.
Каталонскиот весник додава дека Реал Мадрид и Барселона ќе добијат финансиска инјекција од по една милијарда евра бидејќи тие се единствените основачи и носители на проектот. Бројни инвеститори сакаат да инвестираат во конкуренцијата за таа да започне што побрзо. Основачите на Суперлигата истакнаа и дека преносите на натпреварите ќе бидат бесплатни.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Подемот на Вардар доби и европски печат
Вардар е моќен. Паролата не е само за на автобус, многу поважно е што...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Митровиќ се враќа во Премиер-лигата?

Евро-фудбал
Ал-Наср со понуда за Жоао Феликс

Евро-фудбал
ПСЖ го пронајде наследникот на Донарума

Евро-фудбал
Њукасл бара 170 милиони евра за Александер Исак

Евро-фудбал
Ѓокереш е нов напаѓач на Арсенал

Евро-фудбал
Кунде добива нов договор од Барселона

Евро-фудбал
Хјонг-Мин Сон заминува од Тотенхем

Евро-фудбал
Фулам сака да го доведе Рахим Стерлинг

Интернационалци
Дарко Велковски е ново засилување за Зрињски
