Connect with us

Кајл Вокер уште три години на „Итихад“

Дефанзивецот на Манчестер Сити, Кајл Вокер, потпиша нов тригодишен договор со клубот кој ќе го задржи на „Итихад“ до јуни 2026 година.


„Баерн? Одлуките се носат, работите се менуваат. Бев блиску до трансфер, да, но во фудбалот се случуваат такви работи. Не беше пишано“, изјави Кајл Вокер за „Би-Би-Си“ откако беше поврзуван со трансфер кај Баварците.

Манчестер Сити го купи Кајл Вокер во 2017 година од Тотенхем за сума од 52,7 милиони евра.

Оттогаш, 33-годишниот десен бек одигра 260 натпревари за „граѓаните“ во сите натпреварувања, постигнувајќи шест гола и 18 асистенции.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови