
Јувентус си обезбеди близу 50 милиони евра од очекуваните продажби на крилото Матиjас Суле и дефанзивецот Дин Хујсен, па сега клубот е подготвен да преземе офанзива за офанзивниот играч од средниот ред на Аталанта, Тун Копмајнерс, пишува „Газета дело Спорт”.
Според информациите, „старата дама” подготвува понуда од вкупно 45 милиони евра.
Бидејќи цената на холандскиот репрезентативец е 60 милиони евра, многу е веројатно дека „бергамаските“ ќе ја отфрлат оваа понуда. Сепак, од торинскиот гигант се надеваат дека подоцна ќе ги намалат своите барања и разликите меѓу двете страни ќе бидат покриени со бонуси и процент од следната продажба на играчот.
Копмајнерс има желба да се приклучи на Јувентус, и се очекува да покаже иницијатива да ја убеди Аталанта да го пушти. Се смета дека 26-годишниот фудбалер веќе се договорил со „бјанконерите” за договор до летото на 2029 година, со плата од 4,5 милиони евра по сезона.
Во меѓувреме, Јувентус напредува во преговорите со Ница за Жан-Клер Тодибо. Дефанзивецот е подготвен да премине на „Алијанц” стадионот, а неговиот клуб е отворен за договор за првична позајмица со опција за купување, која под одредени услови ќе стане задолжителна.
Вкупната вредност на трансферот може да изнесува 35 милиони евра со бонуси.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Герет Саутгејт ќе биде нов селектор на Полска?

Прва лига
Шкендија подобра од Аргеш Питешти

Интернационалци
Тихо Костадинов потпиша за Сигма Оломук

Прва лига
Пелистер се раздели со Срѓан Захариевски

Прва лига
Шкендија го врати и Ендрит Красниќи
