
Јувентус го договори Глеисон Бремер од Торино како замена за Матијс де Лихт, кој се пресели во Баерн Минхен, но раководството на „старата дама“ сака да исполни уште една желба на тренерот Масимилијано Алегри.
Тој инсистира да добие уште еден квалитетен дефанзивец, а изборот паднал на српскиот репрезентативец Никола Миленковиќ.
Јувентус е подготвен да и понуди на Фиорентина 15 милиони евра за трансферот на 24-годишниот Србин во Торино. Неговиот договор со „виолетовите“ истекува следната година и се чини дека за сите е најдобро Миленковиќ да си замине од „Артемио Франки“.
Интерес за Миленковиќ покажа и Интер.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal