
Јувентус успеа да стигне до тешка, но и многу важна победа против Рома (1-0) за да фати приклучок со Аталанта и Лацио во првите седум на табелата во Серија А. Единствениот погодок на натрправрот го постигна Мојс Кин, кој одлично одговори на центар-шутот на Де Шилјо во 16. минута.
Потоа, следеше многу драма и неколку повици за удар од белата точка за Рома. Пред самата пауза, по една неочекувана грешка на Кјелини, Абрахам и Мхитаријан беа соборени во шеснаесетникот на “бјанконерите”, но до веднаш по падот, Англичанецот се придигна, и успеа да постигне изедначувачки гол. Сепак, акцијата беше порано прекината, и овој погодок беше поништен, а “волчицата” доби шанса за нов погодок преку пенал.
Сепак, Шчешни беше поуспешен од Верету во директната пресметка. Подоцна, судијата Даниеле Орсато и ВАР тимот ја разгледуваа можноста за уште еден удар од белата точка во корист на Рома, откако Французинот повторно се најде на земја во шеснаесетникот на домаќините. Но, по долга консултација со ВАР – технологијата, сепак, играта продолжи.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Јувентус сака да го доведе Бернардо Силва

Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА

Прва лига
Шкупи во следното коло ќе игра на Чаир

Прва лига
Арсими ќе се обиде да го скроти Вардар
