Јувентус го опипува теренот за трансфер на една од ѕвездите на Порто. „Бјанконерите“ сакаат да го привлечат бразилскиот крилен напаѓач Галено.
Од Јуве веќе се сретнале со агентите на фудбалерот, кој има желба да го облече црно-белиот дрес, но во овој момент италијанскиот гигант не е подготвен да ги плати бараните од Порто – 35 милиони евра.
Галено неодамна го продолжи својот договор, што го става Порто во силна позиција. Договорот е до 2028 година.
Сезоната во Португалија веќе започна и Галено постигна два гола при драматичната победа со 4-3 против Спортинг Лисабон во Суперкупот.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski