Италијанскиот калчолигаш Јувентус ја обезбеди замената за Душан Влаховиќ и ќе се обиде да направи притисок тој да го напушти Торино ова лето.
Негов наследник во нападот треба да биде Џонатан Дејвид, кој, според извори блиски до клубот, веќе постигнал усмен договор со Јувентус и наскоро ќе потпише долгорочен договор како слободен агент.
Канадскиот репрезентативец ќе заработува 6 милиони евра по сезона, плус бонуси.
И покрај тоа што ангажманот на Дејвид е речиси завршена работа, раководството на Јувентус не запира тука. Тие преговараат и со Виктор Осимен, а идејата е да се формира напаѓачки тандем со Дејвид, да се задржи и Рандал Коло Муани, додека Влаховиќ би бил жртвата во таа реконструкција.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













