
Актуелниот првак Јувентус сака да му предложи нов договор на Кристијано Роналдо и да го задржи до неговата 38. година, пренесува весникот „Тутоспорт“, кој важи за близок до „старата дама“.
Актуелниот договор на Роналдо истекува во јуни 2022 година, а Јувентус сака да го продолжи за дополнителни 12 месеци. Роналдо утре ќе наполни 36 години, но проценките се дека ќе може да игра на врвно ниво најмалку уште две сезони. Оваа веќе постигна 22 гола и запиша четири асистенции на 23 натпревари.
Роналдо заработува 31 милион евра по сезона, а Јувентус му нуди нов договор со истата плата.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski