Италијанскиот првак Јувентус се врати во трка за одбрана на скудетото, а тренерот Андреа Пирло бара од раководството квалитетно да го одработи зимскиот преоден рок. Покрај напаѓач, Пирло би сакал ново засилување и за средниот ред.
Стратегот на Јувентус го пикирал Дони ван де Бек, холандскиот интернационалец кој е незадоволен од минутажата во Манчестер Јунајтед и не би имал ништо против да се пресели во Торино. Тој дојде од Ајакс на „Олд Трафорд“ за сума од 45 милиони евра, а Јуве сега е подготвен да понуди 10 милиони евра помалку.
Дони ван де Бек досега одигра десет натпревари за Манчестер Јунајтед во сите конкуренции и постигна два гола.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона













