
Италијанскиот калчолигаш Јувентус успеа да биде побрз од Барселона и да го договори првото засилување за новата сезона. Се работи за плејмејкерот на Сасуоло, Мануел Локатели.
Локатели кариерата ја започна во Милан, важеше се голем талент, но „росонерите“ не му веруваа и го продадоа на Сасуоло за 12 милиони евра.
Одличниот играч за врска го покажа својот потенцијал во Сасуоло и сега е стандарден член на италијанската репрезентација, а неговиот клуб ќе заработи 40 милиони евра.
Јувентус подолг период го следеше италијанскиот репрезентативец и го договори трансферот кој треба да се реализира на почетокот на јули.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
