
Италијанскиот првак Јувентус одби да го продаде турскиот интернационалец Мерих Демирал во Ливерпул на последниот ден од зимскиот преоден рок. Менаџерот на „црвените“, Јирген Клоп, сакал да го има одличниот дефанзивец на „Енфилд Роуд“ и понудил 50 милиони фунти, но раководството на „старата дама“ ја одбило понудата.
Откако Клоп не успеал да стигне до Демирал , тогаш тргнал по неговиот сонародник, младиот стопер на Шалке, Озан Кабак, кој пристигна во Ливерпул, заедно со Бен Дејвис од Престон.
Демирал пред 18 месеци пристигна од Сасуоло во Јувентус за 18 милиони евра.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Киеза има четири понуди да се врати во Серија А
