Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, наскоро може да потпише нов договор со клубот, соопштува „Газета дело спорт“. Пред почетокот на сезоната се шпекулираше за можно заминување на стратегот, но во досегашниот текот од сезоната тој ја исполни целта да и гарантира место на „старата дама“ во топ 4 во Серија А, дури тимот се претвори и во кандидат за „скудетото“.
Актуелниот договор на Алегри е до летото 2025 година, а според изданието тој сигурно нема да ја започне следната сезона со актуелниот договор. Се очекува преговорите меѓу двете страни да започнат напролет, а Јувентус е подготвен да му понуди повеќе од сегашните 7 милиони евра годишно.
Во меѓувреме, торинскиот гигант веќе размислува за своите трансферни цели на лето. На врвот на листата се сестраниот дефанзивец на Болоња, Рикардо Калафиори и офанзивниот играч за врска на Аталанта, Тун Копмајнерс, а „бјанконерите“ се интересираат и за Георги Судаков од Шахтјор Доњецк.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













