Јувентус официјално го објави пристигнувањето на дефанзивецот на Челси, Ренато Веига. Португалецот се приклучува на тимот од Торино на позајмица до крајот на сезоната, за сума од 3,8 милиони евра, плус дополнителни 200 илјади евра во форма на бонуси.
Во договорот се предвидени и дополнителни клаузули, според кои Јувентус може да исплати дополнителни 1,5 милиони евра во зависност од настапите на Веига и целите што тимот ќе ги постигне оваа сезона.
Челси, сепак, ќе продолжи целосно да ја исплаќа платата на играчот.
Another 🆕 addition! 🎁
— JuventusFC 🇬🇧🇺🇸 (@juventusfcen) January 27, 2025
Let’s welcome Renato Veiga to Juventus! ⚪⚫
Португалецот го избра дресот со број „12“ на грбот. По позиција е централен дефанзивец, но може успешно да игра и на левата страна од одбраната.
Челси го доведе Веига од Базел во јули 2024 година, а играчот запиша 18 натпревари од почетокот на сезоната, во кои постигна два гола и оствари една асистенција.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













