Јувентус испратил нова и подобрена понуда до Аталанта за холандскиот играч од средниот ред Тун Копмајнерс, известуваат италијанските медиуми.
Понудата на „бјанконерите“ за 26-годишниот играч изнесува близу 55 милиони евра со вклучени бонуси, што би го направило рекорден трансфер во Серија А за играч од средниот ред. Претходната понуда на Јуве беше 45 милиони евра.
Како што е познато, Копмајнерс одамна е цел на гигантот од Торино, а тренерот на Аталанта, Џанпјеро Гасперини откри дека холандскиот фудбалер отпочнал своевиден штрајк и одбива да тренира со тимот, бидејќи сака трансфер токму во Јувентус.
Копмајнерс започнал штрајк за да го исфорсира својот трансфер во Јувентус. Се очекува набрзо да има развој на ситуацијата и веројатно ќе биде постигнат договор меѓу двата клуба.
Копмајнерс имаше многу успешна измината сезона, постигнувајќи 15 гола и седум асистенции во 51 натпревар за Аталанта.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













