Францускиот фудбалер Н’Голо Канте (31) би можел да го напушти Челси кога ќе му истече договорот на крајот на сезоната, а развојот на ситуацијата будно ја следи Јувентус.
Канте е во Челси од 2016 година, каде стана еден од клучните играчи на „сините“, но оваа сезона забележа само два настапи. Тој поради повреда го пропушта секој натпревар од 14 август, а договорот му истекува на лето.
Како што сега стојат работите, Челси е подготвен да го пушти. „Калчомеркато“ пишува дека интерес за Французинот покажале Јувентус и Интер.
Француските медиуми додаваат дека Канте веќе ја отфрлил можноста да се пресели во ПСЖ.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













