Јувентус испратил понуда за напаѓачот на Борусија Дортмунд, Карим Адејеми, тврдат медиумите во Италија. „Бјанконерите“ нудат 30 милиони евра за правата на Германецот, кој станал приоритет за напаѓачката линија на спортскиот директор Кристиано Џунтоли.
Шефот на торинскиот гигант се ориентирал кон крилото на „жолто-црните“, откако Мејсон Гринвуд прејде во Олимпик Марсеј, а Џејдон Санчо е сѐ поверојатно да остане во Манчестер Јунајтед.
Сепак, „милионерите“ сакаат 40 милиони евра за својот фудбалер и преговорите меѓу двата клуба се во тек.
Џунтоли веќе одржал состанок со таткото на Адејеми, на кој биле разгледани условите под кои напаѓачот би можел да премине на „Алианц Стадион“.
На 22-годишниот фудбалер му е понуден договор според кој ќе заработува 4 милиони евра годишно, плус бонуси.
Во Борусија Дортмунд се подготвени да се разделат со Карим Адјеми, кој досега не ги оправда очекувањата по пристигнувањето од Салцбург. Во минатата сезона офанзивниот фудбалер одигра 34 натпревари, во кои постигна пет гола.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













