Италијанскиот калчолигаш Јувентус успеа да го комплетира трансферот на репрезентативецот на „аѕурите“, Мануел Локатели. „Старата дама“ за него ќе му плати 35 милиони евра на Сасуоло кој би можел да добие и дополнителни 5 милиони евра во зависност од успесите што ќе ги оствари фудбалерот во Торино.
Јуве подолг период водеше преговори со Сасуоло за одличниот играч за врска и конечно успеа да ги заврши со успех, непосредно пред стартот на новата сезона во Серија А.
Мануел Локатели имаше одлични настапи во репрезентацијата на Италија на Европското првенство. „Аѕурите“ ја освоија титулата откако во финалето на „Вембли“ ја совладаа Англија по изведување пенали.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













