Италијанскиот второлигаш Јуве Стабија е ставен под судска контрола поради наводно инфилтрирање на мафијата во клубот, соопштија локалното обвинителство и полицијата.
Клубот од Кастелмаре ди Стабија, близу Неапол, територија на криминалната организација Камора, моментно се наоѓа на седмото место во Серија Б. Според истрагата, била откриена „мафијашка мрежа на влијание врз економските активности на клубот“, потекната од локалниот клан на Камора, наведуваат Обвинителството во Неапол, полицијата и националниот обвинител за борба против мафијата.
Во заедничкото соопштение се додава дека актуелните сопственици на Јуве Стабија „наследиле долготрајни економски односи под мафијашко влијание и не спровеле соодветна контрола за нивно прекинување“.
Компанијата „Брера Холдингс“, со седиште во Ирска и со интереси во повеќе фудбалски клубови, купи 52% од акциите на Јуве Стабија во јуни. И клубот и „Брера“ сè уште не одговориле на обвинувањата. Оваа компанија е сопственик и на македонскиот прволигаш АП Брера.
La Juve Stabia e le infiltrazioni mafiose nella gestione dei servizi del club: la società è finita in amministrazione controllata 🚨
— Cronache di spogliatoio (@CronacheTweet) October 21, 2025
1/3 pic.twitter.com/C5SycnnLCC
Обвинителството и полицијата соопштија дека лица поврзани со кланот Камора Д’Алесандро контролирале продажба на билети, кетеринг, чистење, здравствени услуги, па дури и патувања на првиот тим.
„Фудбалерите треба само да играат, додека Камора се грижи за сè друго“, изјави обвинителот на Неапол, Никола Гратери.
Судската администрација ќе му овозможи на клубот да продолжи со спортските активности, но под строг надзор. Мерката има цел да ја врати законитоста и транспарентноста во управувањето и да го врати клубот кон независност, интегритет и оперативна слобода, стои во соопштението.
Обвинителите во јужната италијанска провинција Калабрија презедоа слична мерка минатиот месец против третолигашот Кротоне.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal
Интернационалци
Агон Елези стрелаше во вечното босанско дерби (ВИДЕО)
Евро-фудбал
ПСЖ ја наполни мрежата на Рен
Евро-фудбал
Беренгер го урна Атлетико Мадрид (ВИДЕО)













