Италијанскиот првак Јувентус ја совлада Специја со 3-0 во Торино и стави до знаење дека не се откажува од трката за шампионската титула. Тимот на Андреа Пирло се мачеше едно полувреме, но откако во игра влегоа Бернардески и Мората, „старата дама“ го скрши отпорот на гостите.
Мората во 62.минута погоди за водство, а Федерико Киеза девет минути подоцна зголеми на 2-0. Третиот гол беше дело на Кристијано Роналдо во 89.минута од мечот. Во последните моменти, Шчешни му одбрани пенал на Галабинов.
Јувентус се наоѓа на третата позиција со 49 бода, три помалку од второпласираниот Милан и седум негатива во однос на лидерот Интер.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













