Струга Трим Лум има максимални четири победи и се наоѓа на лидерската позиција на табелата во Првата лига, но сака серијата да продолжи. Стружани утре ќе го пречекаат Силекс во натпревар од петтото коло во шампионатот.
Фудбалерот за врска Фатјон Јусуфи пред мечот со кратовци вели дека го почитува противникот, но верува во победа на неговиот тим.
„После четирите последовни победи атмосферата во тимот е одлична, особено по последната победа над тим каков што е Шкендија. Против Силекс исто така ќе се обидеме да дојдеме до три бода, иако сите знаеме дека ќе биде многу тежок натпревар. Имаме респект за Силекс, но и голема самодоверба да успееме да го добиеме и овој натпревар“, изјави Јусуфи.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













