Шкупи е победнички тим со Ќатип Османи на клупата. Тој дебитираше со триумф од 2-0 против својот поранешен состав и актуелен првак Шкендија. Стрелец на двата гола беше босанскиот интернационалец Марин Јурина во 68. и во 85.минута.
Јурина беше расположен уште од стартот, имаше две шанси, но не ги реализира. Потоа можеше Шкендија да стигне до водство, но Бесарт Ибраими не реализира пенал. Во 25. минута, Бесарт Кривањева го собори Стенио Жуниор, а Бесарт Ибраими шутираше над голот од 11 метри.
Шкупи поведе во 68.минута. По корнерот од десната страна, Марин Јурина постигна прекрасен гол. Во финишот, Константин Чешмеџиев доби црвен картон во 81.минута, а само четири минути подоцна Марин Јурина уште еднаш ја затресе мрежата на Шкендија за конечни 2-0.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













