
Иван Јуриќ и неговиот тим Рома ремизираа 1-1 против Монца во седмото коло од Серија А, и покрај тоа што римјаните поведоа во 61. минута со погодокот на Артем Довбик. Само седум минути подоцна, Дани Мота постигна израмнувачки гол за Монца, а Јуриќ остана разочаран од судењето на главниот судија, Ла Пена.
Тренерот смета дека во финишот на натпреварот требаше да биде досуден пенал за Рома кога Киријакопулос го собори Балданци.
„Ако продолжиме да играме вака, ќе постигнеме многу. Одигравме одличен натпревар и можам да извлечам многу позитивни заклучоци, но мораме да бидеме поефикасни во нападот и одлучни во клучните моменти. Пеналот? Ова е скандалозно, сите се согласуваме. Не е пријатно да се одигра ваков меч и да не се победи. Играчите и навивачите заслужија победа, разочаран сум од резултатот и од недосудениот пенал“, изјави Јуриќ.
Спортскиот директор на Рома, Флорент Гисолфи, исто така се согласи со Јуриќ.
„Не сум навикнат да се обраќам пред медиумите, но тоа што се случи е неприфатливо. Тоа беше чист пенал, целиот свет виде. Разбирам дека главниот судија можеби не го забележал ако бил оддалечен, но зошто не интервенираше ВАР? Бараме почит, Рома бара почит. Ќе побараме и објаснување од судијата, сè уште не сме разговарале“, истакна спортскиот директор на клубот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Мбапе нема да игра и против Салцбург

Прва лига
Младиот Адонис Милај го засили Шкупи

Евро-фудбал
Интер го договори голгетерот на Парма

Евро-фудбал
Болоња го враќа Чиро Имобиле во Италија

Евро-фудбал
Милан го договори Самуеле Ричи

Прва лига
И Шкупи „мрдна“, го доведе Емре Кадри

Евро-фудбал
Ливерпул тргнува по потписот на Александер Исак

Евро-фудбал
Лајпциг го претстави Оле Вернер за нов тренер
