
Англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед ќе направи уште еден обид да го задржи Пол Погба во клубот. Неговиот договор истекува на крајот на сезоната и тој најави дека сака да замине од „Олд Трафорд“. Но, во меѓувреме многу работи се променија и се чини дека клубовите каде тој сакаше да замине немаат доволно финансиски средства за да реализираат неговиот трансфер.
Повредениот Погба е на крстопат, по се изгледа пропадна заминувањето во Реал, што беше желба, останаа два заинтересирани клуба, ПСЖ и Јувентус. Французинот би се вратил во Италија, но клубот нема пари да му понуди астрономска плата, па како опција останува Париз.
Сепак, нивната понуда не може да се спореди со онаа на Јунајтед. Последниот обид на „ѓаволите“ ќе го натера Французинот да размисли.
Доколку го прифати новиот договор, Погба ќе заработува по половина милион фунти неделно и ќе стане најплатениот играч во Премиер – лигата. Основната плата би била околу 400.000 фунти, а бонусите кои не би биле многу тешки за остварување, а се поврзани со настапи, асистенции, голови, би ја зголемиле платата за уште една третина.
Така, Погба би заработувал околу 28 милиони евра годишно со бонуси и би станал трет најплатен играч во светот, зад парискиот тандем Меси – Нејмар. Ова е речиси двојно во споредба со она што сега го заработува во Манчестер Јунајтед.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Втора лига
Полициската истрага се шири и во Башкими?
