
Манчестер јунајтед го декласира големиот ривал Ливерпул со 4-0 на претсезонскиот натпревар во Бангкок. Новиот менаџер Ерик Тен Хаг на најдобар можен начин ја најави својата ера на „Олд Трафорд“.
Јунајтед ја избори најголемата победа против Ливерпул во изминатите 19 години. Последен пат со 4-0 славеа во 2003 година.
За половина час, Јунајтед ја наполни мрежата на Ливерпул. Џејдон Санчо го отвори резултатот, а Фред со мајсторски лоб зголеми на 2-0. Три минути подоцна Марсијал го постигна третиот гол, а конечниот резултат го постави талентираниот Пелистри во 76. минута.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal