Connect with us

Јунајтед на португалски погон, победи и за Арсенал и за Сити (ВИДЕО)

Кристијано Роналдо се врати на „Олд Трафорд“ и постигна два гола во убедливиот триумф (4-1) на Манчестер Јунајтед против Њукасл. Португалецот погоди во 45.минута, а Њукасл израмни преку Манкиљо во 56.минута. Сепак, Роналдо шест минути подоцна постигна втор гол, а третиот беше ремек рело на неговиот сонародник Бруно Фернандеш кој распали од 25 метри. Во финишот, по една прекрасна акција, Џеси Лингард го постави конечниот резултат.

Манчестер Сити славеше на гости против Лестер со 0-1, со голот на Бернардо Силва во 62.минута. Конечно, победи и Арсенал, откако со 1-0 минимално триумфираше над Норич со голот на Пјер Емерик Обамејанг.

Вулверхемптон оствари гостински триумф (0-2) против Вотфорд, а и Брајтон славеше на гости (0-1) против Брентфорд.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови