
Англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед ќе го ревидира договорот на португалскиот интернационалец Бруно Фернандеш и ќе му понуди соработка со двојно поголема плата од досегашната. Ова откако Реал Мадрид и Барселона сериозно се заинтересирани да го доведат одличниот играч за врска во Ла Лига по завршувањето на сезоната.
Бруно Фернандеш експресно се наметна како незаменлив дел од тимот на Оле Гунар Солскјер и човек на одлука на мечевите на Манчестер Јунајтед. На барање на менаџерот Солскјер, тој ќе добие двојно зголемување на годишната плата. Според новиот договор, Португалецот ќе заработува 200.000 фунти неделно.
Бруно Фернандеш дојде на „Олд Трафорд“ од Спортинг Лисабон за 47 милиони фунти и на 38 натпревари досега постигна 22 гола и забележа 14 асистенции.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal