Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Антони Марсијал, ќе биде продаден во јануари. Ова го договориле шефовите на клубот и играчот, тврди „Мундо Депортиво“. Договорот на 27-годишниот Французин е до летото 2024 година, со опција за продолжување на уште 12 месеци, но „Олд Трафорд“ нема намера да го активира, претпочитајќи да го продаде играчот на зима.
На оваа опција се согласил и Марсијал. Тој смета дека не е прва опција во нападот на менаџерот Ерик тен Хаг. Французинот од почетокот на сезоната забележа девет натпревари и еден гол во сите натпреварувања. Во повеќето од нив, пак, се појави како резерва, само трипати во стартните единаесетмина.
Моментно пазарната вредност на Французинот е околу 15 милиони евра. Во секој случај, Манчестер Јунајтед ќе има сериозна загуба од неговата продажба, бидејќи за него плати 60 милиони евра на Монако во 2015 година.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













