Манчестер Јунајтед летово не брка големи имиња, се обидува да купува паметни, а не атрактивно. Така, Тајрел Маласија од Феенорд го зазеде местото на лев бек, додека Џонатан Клаус би можеле да го видиме како поддршка на десната странична позиција на „Олд Трафорд“.
Како што пренесуваат медиумите во Островот, Манчестер Јунајтед е во напредни преговори со Ленс околу трансферот на 29-годишниот фудбалер. „Црвените ѓаволи“ понудиле 11 милиони евра за францускиот репрезентативец.
Покрај Јунајтед, уште два тима од Премиер – лигата го контактирале Ленс и се распрашувале за Клаус, а тоа се Челси и Вулверхемптон.
Интересно е што 29-годишниот Клаус подобро го запозна фудбалската јавност дури кога пред две сезони дојде во Ленс од германската Арминија Билефелд. Десниот бек „експлодира“ во француската Лига 1 и стана репрезентативец.
Неговиот договор со Ленс истекува за една година, па сега е вистинско време за трансфер во кариерата.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона













