Connect with us

Јошко Гвардиол денеска треба да потпише за Манчестер Сити

Долго се чека на трансферот на Јошко Гвардиол од Лајпциг во Манчестер Сити. „Билд“ ја пренесува информацијата дека работата ќе биде готова – денеска!


Германскиот клуб наводно се согласил на понуда од 90 милиони евра, вчера германските претставници беа во Англија каде го договараа трансферот на хрватскиот репрезентативец.


Овој трансфер ќе биде и рекорден кога се во прашање дефанзивците, Гвардиол ќе го собори рекордот на Хари Мегваер и неговиот трансфер вреден 87 милиони евра.


Трансферот го очекува и се надева и Динамо Загреб, кој веќе заработи 19 милиони евра кога го продадоа, а сега чекаат уште 18 милиони, имајќи предвид дека имаат право на 20% од следната продажба на Гвардиол.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови