Поранешниот селектор на Германија, Јоаким Лев, откри како успеал да го убеди сегашниот играч на Бундес-тимот, Џамал Мусиjала, да игра за германската репрезентација.
Офанзивниот играч за врска на Баерн Минхен веќе има одиграно 37 натпревари и постигнато седум гола за Германија, иако претходно настапуваше за младинските селекции на Англија до 15 години.
Мусијала е роден во Штутгарт, а неговиот татко има двојно државјанство – англиско и нигериско, додека мајка му е Германка со полско потекло.
„Ова беше единствениот пат во мојата кариера кога на фудбалер му ветив нешто“, изјави Лев.
„Му кажав дека сигурно ќе биде дел од тимот за Европското првенство во 2021 година ако одлучи да игра за Германија“, додаде тој.
Мусиала ја прифати понудата и добил прва покана за националниот тим во март 2021 година. Тој навистина беше дел од составот на Бундес-тимот на ЕВРО 2021, каде што настапи како замена на натпреварите против Унгарија и Англија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













