Селекторот на фудбалската репрезентација на Германија, Јоаким Лев, ќе ги врати во составот на „панцирите“ за Европското првенство искусните Томас Милер и Матс Хумелс. Иако првата активност на Лев и германскиот национален тим се трите натпревари од квалификациите за СП 2022 во Катар, меѓу коии дуелот со Македонија во Дуисбург на 31 март, тој размислува за настапот на ЕП.
Томас Милер и Матс Хумелс пред речиси две години најавија дека се повлекуваат од настапите во репрезентацијата на Германија, но Јоаким Лев има план да ги врати и веќе имал разговори со фудбалерите кои се сложни да помогнат националниот тим да биде поконкурентен и поквалитетен на претстојното Европско првенство.
„Ако вратите така искусни фудбалери, секако дека веднаш се подготвени да одговорат на предизвикот“, изјави Јоаким Лев.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski