Селекторот на фудбалската репрезентација на Германија, Јоаким Лев, во интервју за „РТЛ“ потврди дека испратил повик за двајцата суперталентирани тинејџери Џамал Мусијала и Флоријан Вирц за стартот на квалификацискиот циклус за Светското првенство 2022 во Катар. Лев се уште го нема објавено комплетниот список, но истакна дека младите фудбалери од средниот ред ќе добијат шанса.
„Ќе биде одлично искуство за нив да бидат со нас неколку дена и да ја почувствуваат атмосферата во националниот тим пред Европското првенство“, изјави Јоаким Лев.
Двајцата тинејџери би можеле да дебитираат на 28. март против Романија или пак три дена подоцна против Македонија.
Џамал Мусијала оваа сезона блесна во дресот на Баерн Минхен, а ја избра Германија покрај селекциите на Англија и на Германија. Тој е роден во Штутгарт, а неговиот татко има и нигериско и британско потекло, додека мајката е Германка. Во младинските категории настапуваше за Англија, но на крајот ја избра Германија.
Флоријан Вирц се уште нема ни 18 години, а веќе нанижа 50 настапи во сите конкуренции за сениорскиот тим на Баер Леверкузен.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski