Connect with us

Јирген Клоп на лето ја купува ѕвездата на Наполи

Ливерпул е подготвен да чека до лето за да го ангажира дефанзивецот на Наполи, Ким Мин-Жае. Кореецот е една од жалбите на Јирген Клоп, но тој сега нема да испрати понуда за него и покрај повредата на Вирџил ван Дајк и ќе почека до летниот преоден рок, кога ќе биде активирана неговата откупна клаузула од 50 милиони евра, открива „Кориере дело спорт“.


Ким потпиша со Наполи минатото лето, но брзо се наметна како главен столб во одбраната на тимот и во голема мера придонесе за тоа што „наполитанците“ се на врвот на табелата во Серија А и примија само 13 гола.


Од почетокот на сезоната настапи на 22 натпревари во сите натпреварувања и постигна два гола.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови