
Јирген Клоп ќе стане глобален директор за фудбал во Ред Бул, а оваа промена ќе стапи на сила од 1 јануари 2025 година, што беше официјално потврдено од компанијата. Претходно веста ја објави новинарот на „Скај Германија“, Флоријан Плетенберг.
Стручњакот ќе има интересна клаузула во неговиот договор. Таа ќе му овозможи да ја напушти новата позиција доколку се укаже можност да стане селектор на Германија – работа за која Клоп е споменуван со години.
Од јануари, Клоп ќе ги советува сите клубови под капата на Ред Бул (Лајпциг, Салцбург, Њујорк Ред Булс и други) за тренерски прашања, филозофија на играта, развој и трансфери на таленти/тренери и слични теми. Заслугата за неговото ангажирање главно му припаѓа на Оливер Минцлаф, актуелниот главен извршен директор за корпоративни проекти и инвестиции во Ред Бул.
Се тврди дека Клоп веќе потпишал долгорочен договор.
57-годишниот Клоп замина од Ливерпул летово по девет години на чело на тимот од „Енфилд“. Оттогаш тој реши да земе пауза и изјави дека не сака да презема тренерска позиција во текот на една година.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Андре Онана е нов голман на Трабзонспор

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски

Интернационалци
Мартин Ѓоргиевски прави изненадувачки трансфер во Збројовка Брно

Евро-фудбал
Челси ќе остане без Делап до крајот на ноември
