
Првиот натпревар на прволигашка сцена во клупската историја, Струга Трим Лум го круниса на најдобар начин со триумф против еден од најтрофејните македонски клубови, Работнички.
Сето тоа носи нескриено задоволство во таборот на стружани кои од друга страна потенцираат дека има уште работа низ сезоната за да се скрои вистинската форма на тимот.
„Секако огромно е задоволството од победата над Работнички која стигна на максимално заслужен начин со голема битка на теренот и ангажман на секој поединец. Ова беше триумф за сите наши навивачи и Струга која долго чекаше повторно прволигашки фудбал. Имавме позитивни моменти на дуелот, но секако можеме и многу подобро на што ќе работиме наредниот период затоа што овој тим може и поквалитетно. Во секој случај, покажавме дека ќе играме значајна улога на прволигашката сцена сезонава“ – вели шефот на стручниот штаб на Струга Трим Лум, Јетон Беќири.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Модриќ е херојот на Милан (ВИДЕО)

Евро-фудбал
ПСЖ на крилата на Баркола го среди Ленс (ВИДЕО)
